Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи.
Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 31 до 39 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе се движат од 19 до 38 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Утре попладне во планинските предели ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст, при што повторно ќе го надмине 40-тиот степен.
Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу 5 степени се очекува во четврток и во петок.
Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.