“Сметките за вода во март пониски 20%, како што вети Градиначалникот?!”

На 27.02.2018 година (вторник), Советот на општина Прилеп ќе ја одржи 9-та седница, а на дневниот ред се ставени донесувања на Предлог-Одлуки за давање согласност на Одлуки донесени од Јавните претпријатија “Водовод и канализација” и “Пазари”.

Подетално, Советот ќе одлучува за донесување на следните Предлог-Одлуки:

Имајќи во предвид дека едно од главните предизборни ветувања на градоначалникот од СДСМ Илија Јованоски беше намалување на цената на водата за пиење за 20%, дали веќе од вторник прилепчани ќе пијат поевтина вода?

Третата точка од дневниот ред е токму тоа. Но, дали новите локални власти ќе имаат доблест и конечно после 4 месеци ќе реализираат нешто од ветеното, ќе видиме за неколку дена.

Моменталната цена на водата изнесува 26,22 денари за метар кубен. Со намалувањето за 20%, еден метар кубен би бил поевтин за 5,2 денари. Доколку тоа се пресмета на една не така голема потрошувачка од 20 метри кубни месечно, ќе значи 104 денари помалку на сметката за вода за пиење.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.