Скопјанката од Илинден раскажа за нападот од кучиња: “Сакаше да ме гризне за лицето, болката беше неиздржлива”

Нов хорор завчера го потресе Скопје кога во населбата Илинден жена беше нападната од кучиња. Таа раскажува за хоророт за порталот Република. Вели дека била брзо пуштена на домашно лекување, имала повеќе рани, а сега мештаните живеат во страв.

38-годишната Џеварија Бајрамовска вели дека настанот се случил утрото во 7 часот и 30 минути.

– “Сабајлето околу 7:30 часот, заедно со ќерка ми излеговме од дома за да ја испратам во училиште бидејќи кучиња има насекаде”. Се израдував и си помислив: добро е ќерка ми се преплаши од кучињата и отсега сама ќе оди на училиште. Имаше 10 кучиња во близина, раскажува таа за Република.

Четири кучиња и скокнале од зад грб. Таа се обидела да најде нешто да се одбрани, но не успеала. Се борела со кучињата десет минути.

– Почнав да се бранам и со шалот што го носев на вратот. Но, и со тоа не ги исплашив. Викав колку што ме држеше глас, додава таа.

Глутницата успеала Бајрамовска да ја турне на земја. Острите заби на разбеснетите кучиња почнале да и ја тргаат облеката, а едното од нив и ги зарило забите во грбот. Едно сакало да ја гризне за лицето, се покрила со рацете и веќе не памети што било. Кога се освестила кучињата ги немало. Отишла дома, а потоа од најблиските од семејството била префрлена во болница.

Таа вели дека болката била неиздржлива.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.