На денешната 66-та седница на Советот на Општина Прилеп каде на дневен ред беше донесување на Предлог-Одлука за определување на местата и условите за истакнување на изборни плакати, на дополнителниот дневен ред се најде донесувањето на Заклучок за неприфаќање на Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017-2027 и Акциониот План произлезен од Стратегијата донесени од Владата на Република Македонија.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” гласаа против оваа Стратегија на Владата и против доселувањето на мигранти од Блискиот Исток во Прилеп.
Сепак, на исто мислење не беа и нивните колеги од СДСМ, кои ја напуштија седницата.
Дали тоа значи дека СДСМ – Прилеп се согласува со оваа Нацрт-Стратегија на Владата и поддржува доселување на нови жители во градот под Марковите Кули, како и изградба на стамбени згради каде овие луѓе ќе живеат!?
Вакви заклучоци, за отфрлање на Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци вчера беа донесени и во општините Битола, Радовиш и Неготино, каде исто така советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против оваа Стратегија.
И додека СДСМ покрај со интеграција на бегалци се занимава со распродавање на се’ што е македонско, преку потпишување на штетни договори, прифаќање на двојазичност на територијата на цела држава, заборави на своите предизборни ветувања пред граѓаните.
Заборавија на повисоки плати, пензии, субвенции, автопатите кои ги ветуваа, укинување на радиодифузна такса, 100.000 плата за докторите, заборавија на гаранциите дадени пред Претседателот на државата, заборавија на животот во Македонија кој го ветуваа.
А/Г/