Скандалозно: Одбраната на Заев сака да се изземе од доказите видеото во кое бара поткуп од 163.000 евра

Ново рочиште на случајот „Поткуп“ се одржа денес во Основниот суд Скопје 1 во кој првообвинет е премиерот Зоран Заев. По низата одложувања на рочиштата, адвокатскиот тим на Заев и натаму бара изговори како да го блокира случајот „Поткуп“.

 

potkup-Zaev-640x436

Овој пат адвокатот на Заев, Филип Медарски побара издвојување на доказите прибавени со Посебните истражни мерки за случајот „Поткуп“. Одбраната бара од доказите да биде изземено видеото на кое се гледа како Заев од позиција на градоначаник на општина Струмица бара поткуп од бизнисмен во висина од 163.000 евра.

На снимаката јасно се гледа како Заев на бизнисменот му вели дека треба да плати според воспоставената практика која ја има и кај другите бизнисмени, по принципот “едно евро за Вицето и едно евро за црквата“.

 

Според обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица, барал поткуп од 163 илјади евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.

Претходните рочишта Заев изнаоѓаше стотици причини само за да ја одложи и избегне правдата. Најголем скандал беше кога прво излажа дека имал средба со италијанскиот амбасадор, по што стигна демант од италијанската Амбасада.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.