Сите зборуваат за холивудскиот филм за Ратко Младиќ кој беше пуштен во очи на пресудата (ВИДЕО)

Се снимал во Белград, а во него покрај странски, играат и домашни српски глумци

Во очи на изрекувањето на пресудата за командантот на босанските Срби, генералот Ратко Младиќ, се појави нов холивудски филм. Новото дело “Обичен човек” говори токму за генералот Младиќ, поточно за периодот додека тој се криеше. Многу српски критичари и медиуми го осудија филмот како површен, а медиумите во Република Српска сметаат дека со овој филм Холивуд однапред го осуди Младиќ.

Филмот го режирал Бред Силберлинг, а  главната улога ја толкува Бен Кингсли. Ова остварување говори за српскиот воен генерал, кој се крие од органите на прогонот.

Покрај него во филмот можеме да видиме и една млада девојка која работи за него. Критичарите исто така сметаат дека постојат многу грешки во самиот филм, и дека приказната не е точно доловена.

Дел од критиките се однесуваат на тоа дека секогаш кога Холивуд се занимава со оваа тематика и војните на Балканот, негативците се секогаш Срби.

Многумина ги изненади тоа што филмот излезе пред изрекувањето на пресудата.

Потсетуваме дека, филмот на Анџелина Џоли “Во земјата на крв и мед”, излезе додека траеше судењето на Радован Караџиќ.

Погледнете го трајлерот за филмот “Обичен човек”:

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.