Денеска, сириската армија придружена со палестинските воени сили извојува клучна борба против Исламска Држава во јужниот дел на сириската престолнина – јавува арапската новинска агенција “САНА”.
Пробивањето на сириските владини сили овозможи заземање на локалниот индустриски кварт, каде речиси сите згради и фабрики биле запоседнати од терористичките групи на ИД.
Борбата за овој дел од градот траела три дена, а главниот пробив се случил синоќа.
Постојаните сириски и руски воздушни напади одиграле клучна улога во кршењето на ова силно упориште на ИСИС во Дамаск.