“Синот на прилепската ракометна легенда се враќа во Македонија: Кузманоски го засили “ЕУРОФАРМ” од Битола”

После неочекуваното згаснување на романски Одорхеј за кој ја играше 8-та сезона, во кој беше капитен, играч и помошник тренер и со кој го освои европскиот челенџ купот, поранешниот македонски репрезентативец Горан Кузманоски-Таста својата кариера ќе ја продолжи во Битолски Еурофарм Работник.

Темелковски во Кузманоски гледа голем адут во престојниот пролетен дел од првенството и разигрувањето во плеј-оф натпреварите за титулата во домашната лига и купот на Македонија.

Горан Кузманоски-Таста е син на легадарната ракометна прилепска и македонска легенда, Петре Кузманоски-Таста, кој својата ракометна кариера ја започна и ја заврши во РК Тут-Ком-Прилеп, но никогаш не се откажа од ракометот во целост, останувајќи активен како тренер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.