Силен земјотрес ги разбуди охриѓани – посилни потреси и утринава

zemjotres-3

Земјотресите во Охрид малку се разретчија но сеуште ги има  и тоа со голем интензитет. Последниот потрес е регистриран ова утро со магнитуда од 3,8 степени по Рихтер, на длабочина од 1 километар. Епицентарот на потресот е на 6 километри од Ресен.

Претходно повеќе потреси во текот на ноќта ги оставија охриѓани без сон. Регистрирани се потреси со јачина од 3 степени, 3,2, 3,1, по Рихтер, потоа потрес од 2,8 степени.

Најсилниот потрес бил со јачина од 4,1 степени по Рихтер.

Повторно во текот на ноќта имаше пет потреси.

Инаку, најсилниот потрес во Охрид се случи завчера попладне и беше со магнитуда од 5 степени по Рихтер, а се почувствува и во Скопје. Охриѓани се во паника веќе со денови, пријавени се околу 200 штети од потресот, а ноќите ги поминуваат во страв под отворено небо.

Екипи на ИЗИС се на тере и повикуваат на смиреност бидејќи според нив афтершоковите од силниот потрес се нормална појава.

Се надеваме потресите ќе запрат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.