Се’ што печалеа со години им се претвори во пепел: Да бидеме хумани и да им помогнеме на нашите сограѓани (ФОТО)

Пожарот кој вчера околу 20 часот избувна во куќата на семејството Стеваноски од Прилеп, пеплоса се што со години печалеле.

Во куќата сместена на улица “Пиринска” бр. 103 остана само пепел и црнила. Се’ она што било долго време градено, исчезнало во силниот пожар и само во половина час.

Во моментот на пожарот во куќата била само ќерката. Таа забележала како излегува чад од дневната соба, од местото каде што се наоѓал телевизорот. Во паника веднаш им се јавила на нејзините родители и на противпожарната служба, но за жал огнот се раширил со голема брзина преку целиот спрат и целосно го опустошил.

Четиричленото семејство Стеваноски сега бараат помош од добронамерни луѓе.

„Како што гледате и сами се е опустошено, во половина час изгоре се што имавме. Пожарот се случи синоќа околу 20 часот. Упатувам апел до сите добри луѓе да помогнат колку што можат. Сега немаме покрив над главата ќе спиеме по роднини и пријатели“, изјави Орде Стеваноски, сопственик на куќата.

Инаку Орде е долгогодишен музичар кој редовно е задолжен да добра забава и убава песна за сите домашни веселби и свечености. Ако досега тој носеше насмевки на многу луѓе, сега е моментот кога сите ние како сограѓани треба да му возвратиме и да му помогнеме.

Сите оние кои се во можност да помогнат да им ги обезбедиме потребните работи на семејството Стеваноски од Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.