Се чисти градска река од страна на Водостопанство Прилепско поле (ВИДЕО)

1-IMG_1745

Во должина од 2 километри, интензивно се работи на чистење на градската река, проект кој е продолжение од минатата година со што ќе биде спречено понатамошното поплавување од престојните дождови.

1-IMG_1698

„Продолжуваме со реализација на сопствената програма што опфаќа чистење и санирање на насипот на Градската река каде се направени насипи од ниската и високата вегетација, во случај доколку има поројни дождови да ги спасиме приносите на нивите и другите површини, вели Гордана Тошеска, директор на Водостопанство Прилепско поле.

„Се чистат направените насипи на Градската река во близина на Кадино село. Тековно ги чистиме каналите и коритата на реката се со цел да се спречи при поројни дождови да се јават поголеми поплави, вели градоначалникот Марјан Ристески.

1-IMG_1792

Со чистење на коритото на градската река ќе се намали и донесувањето на поголеми количини на талог и на земја од долниот дел на реката кои можат да направат проблеми во градската река. Паралелно со чистењето на Градска река  се чисти и делот од селечка река, а пред неколку дена започна и чистењето на Дабнички канал.

1-IMG_1814




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.