По сценариото од филмот „Големиот Гетсби“ се омажи една од нашите најпознати домашни модни дизајнерки. Маја Кикириткова и нејзиниот сопруг Александар пред да се одлучат за брак, беа речиси две години во врска. Свадбата била во еден скопски ресторан, а невестата и младоженецот свадбениот танц го одиграа инспирирани од познатиот филмски хит.
Невестата во својата кариера има дизајнирано многу невестински фустани, но за својот таа целосно се посветила за да изгледа беспрекорно на свадбената ноќ. Тесната венчаница која ја истакна нејзината линија е изработена од бел вез, што остава посебен впечаток на уникатност.