Се одмотува клопчето за мигрантите: ЕУ со прогноза за нов бран, Заев ќе гради станови за мигранти во најмалку 17 општини

Еден од иницијаторите за референдуми низ Македонија, каде граѓаните лично ќе кажат дали се за или против населување на мигранти во нивните општини заработи кривична пријава од СДСМ. Владата предводена од Зоран Заев не се откажува од планот за доселување на мигрантите и градење на згради за нив во 17 општини низ Македонија. Според Видан Лазарев, кој ја заработи кривичната пријава тоа е обид на СДСМ само да ги замолчи граѓаните.

Лазарев во текот на минатиот месец ја водеше кампањата „Будење за Штип“ преку која собираше потписи од граѓани со цел иницирање референдум, но СДСМ го обвинуваат дека извршил повеќе кривични дела. Како што вели активистот Лазарев, кривичната пријавата на СДСМ е нелогична.

-Оваа кривична пријава на СДСМ е врв на притисоците, уцените и заканите кон мене, како предводник на граѓанската иницијатива „Будење“. Оваа кривична пријава и сите уцени, закани, притисоци се со цел да ме замолчат мене и граѓанската иницијатива, но и да ги замолчат граѓаните, изјави Лазарев.

Тој смета дека со ваквата кривична пријава СДСМ со покажување на сила од позиција на власт, сака да го спречи отстварувањето на најосновнот и демократско право на граѓаните преку референдум да решаваат за најсуштинските прашања кои ги засегаат.

-Со ова СДСМ уште еднаш покажува дека нема демократски капацитет и дека не може да се соочи со гласот на граѓаните, порача Лазарев.

Доколку се реализирала националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци на Владата на Зоран Заев, мигрантите би претставувале реална закана за многу општини во оваа држава. Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите. Граѓаните пак, на овие општини бараат референдум за да може да се изјаснат по ова прашање.

Европските политичари предупредуваат дека во наредниот период мигрантскиот бран претставува сериозна опасност.

Поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, смета дека актуелниот бран на бегалци претставува голема опасност и според него, европските земји треба да преземат мерки на граничните премини за нивно спречување.

– Европа треба јасно да им каже „не“ на бегалците кои доаѓаат и треба да ги преземе сите мерки за обезбедување на границите, за да не можат тука да дојдат – рече Клаус.

Сегашниот пристап кон ситуацијата, познатиот евроскептик го смета за неверојатна неодговорност на актуелните политичари, како во Чешка, така и во Европа.

До крајот на годината се претпоставува дека во Чешка ќе пристигнат 3.500 емигранти, додека следната година прогнозата е дека нивниот број ќе биде од 5.000 до 7.000.

Денеска и од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека Државната Изборна Комисија не смее да дозволи да подлегне под притисоците на СДСМ и нејзина должност е да ги спроведе локалните референдум за мигрантите. Според зборовите на Милош Милошевски, во спротивно претседателот на ДИК Чичаковски и сите членови кои ке гласаат за таква одлука кривично ќе одговараат. СДС ги контролира сите државни апарарти и се обидува на секој начин да го спречи демократското право за спроведувањето на референдум за прашањата кои ги засегаа граѓаните, порача Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-ДИК мора да ги распише референдумите во над 10 општини низ цела Македонија кои ги собраа потребните потписи за распишување референдум, на кои граѓаните ќе се изјаснат дали се за или против населување на мигранти во нивната општина. Не смее да биде погазена вољата на граѓаните, изјави Милошевски.

Тој потенцираше дека граѓаните во огромен број застанаа против планот на владата на СДС за населување мигранти во нашата држава.

-Граѓаните застанаа против мигрантите, против планот на СДС за населување на мигранти и против владата на СДС. Тие сакаат да го искористат своето демократско право и да гласаат на локалните референдуми. Но сепак најголемиот референдум за граѓаните ќе биде на 15 Октомври кога сите заедно ќе застанеме против штетните политики на СДС. Заедно ќе ги поразиме овие штетни политики, изјави Милошевски.

И граѓаните од 17-те општини каде што е планирано да се населат мигранти порачаа дека на да дозволат никој да донесува одлуки без да го чуе гласот на народот за вакви суштински и болни прашања.

-Никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име, порачуваат граѓаните од 17-те општини.

Инаку општинските советници од ВМРО-ДПМНЕ, застануваат во одбрана на граѓаните и бараат референдум за изјаснување на граѓаните- „ЗА“ или „Против“ населување на мигранти во нивната општина. Исто така бараат референдумот да се спроведе на 15 октомври, денот кога ќе се одржат и локалните избори. Додека пак советниците од редовите на СДСМ или гласаат воздржано или против референдумите, тие на дискусиите на седниците на Советот секогаш жестоко се спротистуваат на можноста граѓаните сами да одлучуваат за иднината на своите градови.

Извор: Курир

http://kurir.mk/makedonija/vesti/se-odmotuva-klopcheto-za-migrantite-eu-so-prognoza-za-nov-bran-zaev-ke-gradi-stanovi-za-migranti-vo-najmalku-17-opshtini/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.