Светскиот Македонски Конгрес од Канада упати покана до сите Македонски организации, патриотски здруженија и друштва во Канада.
На 19-ти ноември (недела), во Македонската црква Св. Климент Охридски во Торонто, со почеток од 11:00 часот претпладне, ќе се одржи итен состанок во врска со алармните случувањата во нашата земја Македонија, стои во поканата.
На состанокот како што стои во поканата се вели дека ќе бидат донесени одлуки и мерки против предавничката влада во Македонија и ќе се упати револт против решенијата кои ги носи новата влада.
На крајот од поканата потпишан е Боби Темелков, Претседател на Македонскиот Светски Конгрес во Канада.
А/Г/