Се гради повеќенаменско игралиште во ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп

DSC00819

Деновиве започна изградбата на повеќенаменското игралиште во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп. На игралиштето ќе може да се играат повеќе спортови како ракомет, кошарка, мал фудбал и одбојка. Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.

DSC00802

„Оваа инвестиција изнесува 1,8 милиони денари. Се планира игралиштето да биде пуштено во употреба до почетокот на учебната година. Со комплетно реконструираната спортска сала во ова училиште, со тениското игралиште кое се наоѓа во непосредна близина и кое се изгради со помош на Агенцијата за млади и спорт, со изградбата на балон салата и сега со ова игралиште, овој дел на градот добива еден комплетен и современ спортски комплекс“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

DSC00790

Освен учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во иднина се планира овие спортски игралишта да ги користат и сите останати љубители на спортот.

DSC00781

„Сега ќе добиеме еден комплекс каде ќе имаме извонредни можности за развој на повеќе видови спортови. Како и досега овој проект се реализира со голема поддршка на локалната самоуправа. Предност на ова повеќенаменско игралиште ќе биде тоа што и за него ќе се користат рефлекторите од тениското игралиште и тука ќе може да се играат и ноќни натпревари“, вели Трајче Каралиоски, директор на ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп.

DSC00821

Од локалната самоуправа најавија дека во иднина се планира и хортикултурно уредување на дворот на ООУ „Гоце Делчев“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.