Се виделе 10 дена пред смртта: Актерката откри бизарни детали за Ѓоша

s7gktkqturbxy8wmzg0mgniotiwnwe1nmexmgfmogi2y2y1nziwnjeznc5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjb

Актерката Јелена Чворовиќ која глумеше сопруга на актерот Ѓоша во легендарната серија “Семејно богатство”, откри детали за актерот кој вчера ненадејно почина на 49. годишна возраст во својот дом.

– Глумевме заедно во легендарната серија, многу ми е жал што почина, се видовме пред десетина дена, беше весел како и секогаш и насмеан. Она што го забележав беше дека е многу здебелен и му реков, што правиш со себе, дај ослаби малку. Тој ми вели, кога ќе слушнеш експлозија, знаеш дека сум тоа јас, дека сум рикнал, вели актерката за српски Блиц.

Вели ќе го памети по хуморот и специфичниот шарм, многу работел, а не се чувал себе воопшто.

– Кога го видов прв пат на аудиција за филмот рековме со колегите, тој ќе постигне голем успех, многу е талентиран. Се смеевме, кикотевме, поминувавме време заедно, го обожавав, вели таа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.