Се асфалтираше улицата „Ило Полутешка“ во населбата Варош во Прилеп

Во должина од 700 метри се асфалтираа неколку крации на улицата „Ило Полутешка“ која се наоѓа во прилепската населба Варош. Инвестицијата изнесува 5 милиони денари, а парите се обезбедени од буџетот на Општина Прилеп. Жителите на Варош се презадоволни од оваа најнова инвестиција на локалната самоуправа, велат дека конечно населбата после децении добила урбан лик.

„Голема благодарност до градоначалникот на Општина Прилеп и локалната самоуправа за овие градежни зафати, бидејќи со тоа се придонесе за олеснување на животот на граѓаните на оваа населба. Претходно улиците беа катастрофа“, Живко Лидев, жител на населба Варош.

„Презадоволни сме од Општина Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески сега улиците се одлични“, рече Бранко Начески, жител на населба Варош.

„Јас живеам малку подолу, тука неможеше да се помине пешки од кал и вода особено во зима. Од сите овие инвестиции народот навистина треба да биде задоволен за сето ова што се прави“, кажа Костадин Шејкероски, жител на населба Варош.

„Многу сме задоволни од сите инвестиции кои ги прави локалната самоуправа бидејќи после децении за прв пат стапнуваме тука на улицава на асфалт. Задоволството е големо, порано се газеше по кал и камења. Неколку пати се тампонираше во минатото, но водата и дождот постојано ја уништуваа улицата, сега е преубаво“, вели Валентина Бошкоска, жител на населба Варош.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан  Ристески, истакна дека оваа локална самоуправа во изминатиов период има инвестирано во огромен број на проекти во населбата Варош.

„Во чест на големиот празник Денот на Независноста на Македонија 8-ми Септември ги отвараме овие новоасфалтирани краци на улицата „Ило Полутешка“ кои се во должина од 700 метри. За прв пат тука се поставува асфалт и со тоа се намалуваат уличките кои не се асфалтирани во оваа населба, а ги има само уште неколку. Со овие инвестициии Варош прераснува во една од најубавите населби во Прилеп. Ние како локална самоуправа тука имаме инвестирано многу средства. Кога станав градоначалник во Варош беше асфалтирана само главната улица, која води кон манастирот Архангел Михаиил и која беше направена пред повеќе децении. За овој период оваа населба доби нова канализација, нова водоводна мрежа, асфалтирање на скоро сите улици, комплетно се реконструираше основното училиште „Блаже Конески“ кое не беше реконструирано воопшто од далечната 1924 година кога и било изградено. Училиштето доби и реконструиран двор, во населбата се изгради и амфитеатар, реконструирани се дел од црквите, се изгради туристичка патека „Крали Марко“ долга неколку километри, комплетно се поставии ново осветлување и со претходната Влада се реконструираше и одново се изгради Источниот конак во манастирот „Св. Архангел Михаил“. Варош од едно руинирано место сега е една од најпосетуваните населби од голем број туристи“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.