Сестрите близначки класа над сите на Аустралија Опен 2018 – Две меѓусебни финалиња и нови медали (ФОТО)

Сестрите близначки од Прилеп, Маријана и Мишела Димоски целосно доминатни на Аустралија Опен 2018.

Вчера нашите шампионки ги заменија медалите на во јуниори У-21 во однос на минатата година. Маријана е прва, а Мишела втора, додека лани беше обратно.

Мишела имаше три меча, а Маријана две кола беше слободна и потоа имаше два насатпи. Сите победи со 5-0.

Денеска пак, на вториот дел од натпреварувањето, уште едно сестринско финале, овојпат во сениорска конкуранција.

Поуспешна беше Мишела, а Маријана се закити со второто место.

Вкупно во двата натпреварувачки дена Мишела имаше 8 мечеви, а Маријана 6.

Девојките наредно ќе се подготвуваат за континенталното натпреварување Океанија, првенство кое ќе се одржи во Окленд, Нов Зеланд од 16-22 мај. Маријана и Мишела ќе ја претставуваат Австралија на ова натпреварување, како во сениори, така и во јуниори У21.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.