Довчерашниот советник во редовите на коалицијата “За подобра Македонија”, Сами Ајдини, беше човекот чиј глас на неодамнешната 9-та седница на Советот на општина Прилеп, одлучи за зголемување на цената на сметките за вода.
Како што тогаш беше познато во јавноста, токму гласот на Ајдини, кој најпрвин се двоумел, но на наредната ИТНА СЕДНИЦА се премислил и гласаше “ЗА”, одлучи сите прилепчани, меѓу кои и Ромите кои ги претставува, да плаќаат повеќе од својот семеен буџет за сметки за вода?!
Со ваква честитка Ајдини им го честиташе и 8-ми април “Меѓународниот ден на Ромите” на своите сограѓани?!
Советникот кој до вчера поддржуваше вистински проекти, меѓу кои изградба на улици, паркови, комунална хигиена и слично за граѓаните во населбата “Тризла”, сега одлучи во нивна штета.
Што се’ се реализираше во оваа населба кога Ајдини беше во редовите на Коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, говорат фотографиите во продолжение:
А еве што стана со “Новиот живот” во “Тризла” за само 5 месеци нова локална власт во Прилеп: