СТРАШНА ГЛЕТКА: Познатиот фудбалер синоќа колабираше и се сруши на теренот (ВИДЕО)


Напаѓачот на Галатасарај Бафетимби Гомис се најде во центарот на вниманието на вчерашниот натпревар против Касимпаша во турската Суперлига.

Некогашниот француски репрезентативец во седмата минута од мечот се сруши на теренот, по што следуваше голема паника.

Иако глетката беше и повеќе од страшна, Гомис по укажаната помош на лекарите, сосема нормално го продолжи натпреварот и ги одигра сите 90 минути.

Многумина не знаат дека Гомис има ретка срцева болест која не го спречува да се занимава со фудбал, но истата болест на моменти умее да го прекине протокот на крв во мозокот и да предизвика тешки последици.

За среќа, се заврши добро за францускиот интернационалец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.