Прилепскиот оџа Алмир Сулајманоски најостро го осудува бесрамниот обид за злоупотреба на верниците Роми.
Во својата заслепеност за власт пробаа да манипулираат со чувствата на нешто што за нас е најсвето! Снимки од верски ритуал е најголема злоупотреба што до сега сме ја виделе како верници. Сакам само да посочам неколку факти: Локалната самоуправа беше носител на најбитниот проект за нас муслиманите во Тризла. Несебичната поддршка на Градоначалникот беше пресудна за првпат во историјата да добиеме верски објект во Тризла и тоа велелепен. Почитувани од СДС најдобро е секој да си ја гледа работата и да работи во интерес на народот. Како потсетување снимката е од верски настан од пред неколку месеци (25.06.2017) кога беше завршен при влегувањето на Градоначалникот. Марјан Ристески не удостојува со своето присуство на секој празник секоја година, но Вие за жал не.
Поздрав и Ве поканувам да не посетите и Вие.