СРАМНО: ”Немаат милост и кон старите, укинат и “Супер Марио”, пензионерите крајно револтирани од градоначалникот?!”

Во 2014 година општина Прилеп предводена од градоначалникот Марјан Ристески, започна со реализација на проектот “Супер Марио”.

Oвој проект кој се спроведуваше во соработка со домот за стари лица “Киро Крстески – Платник”, служеше за давање социјални услуги на старите и изнемоштени лица, односно истиот претставуваше сервис за домашни услуги на старите и изнемоштени лица.

Општината тогаш обезбеди финансиски средства во износ од 1,2 милиони денари за реализација на овој проект и истиот опслужуваше 80-100 лица над 65 години.

За овие лица до сега се грижеа 15 жени кои претходно беа обучени од домот за стари лица, како да се однесуваат и како да им помагаат на корисниците.

Но, се чини дека доаѓа крајот и на овој проект…

Како што дознаваме, на сите 15 жени кои биле ангажирани им е прекинат договорниот ангажман, па пензионерите корисници остануваат без проектот кој беше општоприфатен oд целата јавност.

Проектот беше од огромно значење за овие стотина лица, особено поради тоа што повеќето од нив живеат сами, па помошта и придружбата која ја добиваа од ангажираните лица, за нив значеше мотив плус за живот.

Вака ли се грижат за сите граѓани новите локални власти и градоначалникот Јованоски?

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.