Далмација е во пламен, Сплит гори. Пламенот кој синоќа започна во селото Тугаре над Омиш, во текот на денот се прошири кон Сплит. Цело ден луѓето беа сведоци на апокалиптични сцени, пишува “index.hr”.
Во попладневните часови огнот се прошири до сплитските предградија, а потоа ги зафати и нив. Малиот број на пожарникари цело попладне бараат помош. Во попладневните часови им се придружила и војската.
Како што пренесува “index.hr”, во вечерните часови огнот ги зафатил и првите сплитски предградија. Небото над градот е прекриено со густ, црн чад. Се запали бензиска станица во Солин. Горат и сплитските градски гробишта, а огнот постепено го зафаќа и сплитското сместувалиште Кареповац, па сега на градот освен пожарот, му се заканува и еколошка катастрофа.
Сплитскиот градоначалник Андро Крстуловиќ Опара потврди дека побарал помош од министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ.