Облак од дим повторно се појави над Сплит, на Мосор и понатаму гори, се шири смрдеа, пренесува Index.hr.
На терен се моментално повеќе од 200 пожарникари, а се разгледува можноста дали нив ќе им биде потребна помош од војската.
На подрачјето од Жрновница, Тугар, Строжанца и Стрњин, за време на ноќта немало поголеми проблеми.
Граѓаните синоќа јавувале дека повторно се појавил оган на Карапетровец и дека се шири смрдеа од запалениот отпад.
Дежурните служби тврдат дека страв од нов пожар на Карапетровец нема и дека смрдеата и димот најверојатно доаѓаат од Мосор.
А/Г/