Само две работи на светот се бесконечни, вселената и прилепската глупост, или како и да беше, но второво е сигурно.
Синоќа во центарот на Прилеп осквернавен со кукасти крстови е споменикот на Крал Марко.
Четири кукасти крстови осамнаа денеска на постаментот од споменикот како добро утро за прилепчани.
На кого му сметаат спомениците кои го красат централното градско подрачје останува мистерија.
Неодамна на плоштадот “Александрија” цел на напад беше и споменикот на Александар Македонски, за кого сторителите сеуште не се откриени.