СЕ СПРЕМА РЕВОЛУЦИЈА ВО АРСЕНАЛ: Милијардер сака да го купи лондонскиот клуб – прв потег отказ за Венгер

Данготе тежи 11 милијарди фунти, а на американскиот бизнисмен Стен Кроенке, кој поседува 67 проценти од акциите на Арсенал, спремен е да му понуди две милијарди.

arsene-wenger

Најбогатиот Африканец, Нигериецот Алико Данготе, сака да го купи Арсенал.

Данготе тежи 11 милијарди фунти на на американскиот бизнисмен Стен Кроенке, кој поседува 67 проценти од акциите на Арсенал, спремен е да му понуди две милијарди.

-Сигурен сум дека се спремни да заминат ако добијат добра понуда. Некој ќе им даде, а откако ќе ја завршам работата со рафинеријата, мислам дека јас ќе бидам во таа позиција, истакнува Нигериецот, кој не открива кога би се случило тоа. Но затоа додава дека то би му бил само прв потег.

-Прво би го променил тренерот. Венгер направи навистина добра работа, но некој друг треба да ја искуси неговата среќа, вели Данготе.

Венгер е во клубот од 1996 година, со тимот освои седум ФА купови и три Премиер лиги.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.