Пред 14 години, 4 февруари 2004 година, студентот Марк Цукенберг во својата соба го основа “Фејсбук”. Цукенберг сакал да направи платформа за полесно комуницирање со неколку свои пријатели и колеги од факултет, но за само неколку дена на Фејсбук се регистрирале повеќе од 50.000 луѓе.
Останатото е историја, која ја знаат милиони луѓе ширум светот. Фејсбук стана најголемата социјална мрежа на светот и еден од најголемите изуми на 21 век.
Во периодот помеѓу 2006 до 2008 година Фејсбук постепено се прошири на Балканот, а во август 2008 година достигна бројка од 100 милиони корисници.
Денес Фејсбук брои 2.13 милијарди корисници и тешко може да се замисли животот без него.