СЕ ПОЈАВИЈА СТРАШНИ ЛЕКАРСКИ НАОДИ: Сите кои биле во близина на “Кулите близначки” заболуваат од тешки болести

По нападот на 11 септември, преживеаните набрзо се вратени во центарот на Менхетен. Иако воздухот не мирисал добро, од сојузната Агенција за заштита на животната средина, изјавиле дека е безбедно.

Меѓу оние кои се вратиле имало и деца. Тие сега се возрасни, млади луѓе, раштркани низ светот, меѓутоа дознале дека сепак не поминале неповредени на тој 11-ти септември 2001 година.

Ракот започнал да ги коси луѓето кои се наоѓале во близина на “близначките”. Лекарите од Програмата за здравствена заштита потврдиле дека причина за опасната болест е тоа што луѓето биле изложени на токсична прашина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.