СЕ ЗА СЛАВА: Јутуберка го уби дечкото додека снимаше видео, веднаш уапсена (ВИДЕО)

youtube

Ѕвездата на “Јутјуб” Моналиса Перез (22), најверојатно ќе заглави на долгогодишна робија затоа што пукала и го убила својот дечко Педро Руиз (19). Нејзиниот канал, ЛаМоналиса, за кратко време доби 2.000 следбеници, а таа и Педро правеле така наречени шок видеа, кои содржат груби шеги, од кои многу се опасни по живот. А една таква “шега” Педро го чинеше глава.

До сега се шегувале така што еден на друг си подметнуваа лути пиперки во јадењето, но минатата недела претераа. Перез на Твитер најавила дека го снимаат најопасното видео до сега, а два часа покасно повикала брза помош во Минесота, да пријави дека штотуку го застрелала своето момче.

Еве едно од нивните видеа, на кое Моналиса му подметнува бебешка пудра наместо шеќер во прав на крофна. Инаку, парот има две деца.

Уапсена е вчера, а против неа веднаш е покрената кривична постапка. Во судските документи пишува дека Перез пукала во Руиз од непосредна близина, додека тој како “штит” на градите држел само дебела енциклопедија.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.