СВЕТОТ ПРЕД НОВА ГОЛЕМА ВОЈНА: Ким Јонг Ун ја подготвува ракетата “хвасонг-13” која може да стигне до Вашингтон

Од Северна Кореја испратија порака дека работат на конструкција нов интерконтинентален балистички проектил.

Овој вид на ракети се многу помоќни од оние кои до сега ги тестираа, истакнуваат експертите за оружје.

Ако биде развиен, ваков проектил може да стигне до било кое место на американскиот континент, вклучувајќи ги Вашингтон и Њујорк, тврдат експертите.

Севернокорејските државни медиуми ја објавија фотографијата на Ким Јонг Ун како стои покрај дијаграмите на ракетата наречена Хвасонг-13.

Експертите за проектили, кои внимателно ги проучуваат таквите фотографии во потрага по докази за севернокорејските програми за оружје, нагаласуваат дека не може да се потврди дали ракетата е во целост развиена.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.