Иако неодамна стана татко, славниот фудбалер Кристијано Роналдо, се чини, има проблеми со моногамијата.
Во британските медиуми протекоа пораките кои во ситните ноќни часови фубалерот и ги праќал на прекрасната моделка за долна облека, Риан Саџен. Тоа траело се додека нејзиниот свршеник Оливер Мелор лично не се одлучил да му одговори на упорниот фудбалер.
„Ќе ти се јавам за еден час ако ми го пратиш својот приватен број. Јас сум во хотелот“, и напишал наводно Роналдо на секси моделката во една од пораките.
Таа, наводно, одговорила: „Јас само ќе го земам мојот партнер од работа, а потоа одиме на пијалак. Не мислам дека тој ќе ми одобри да разговарам со тебе во 23 часот.“
Како што пишуваат британските медиуми, сите пораки не биле толку пристојни, а имајќи предвид дека убавицата ја бомбардирал со пораки, нејзиниот свршеник Мелор на крајот пристојно му напишал да се тргне од неговата свршеница.
– Беа пријатели, но одвреме-навреме знаеше да ја бомбардира со непристојни пораки, иако таа повеќепати му рече дека има свршеник. Тој го игнорираше тоа се додека Оливер Мелор лично не му се јави и љубезно го предупреди да престане. Оттогаш Роналдо наводно ги избришал сите конверзации – неименуван извор открил за британски „Сан“.
Кристијано Роналдо неодамна стана татко на три деца – на две близначиња Ева и Матео кои му ги роди сурогат мајка, а речиси веднаш по нив, и неговата девојка Џорџина Родригез му роди девојче на кое му го дадоа името Алана Мартина. Роналдо го има од порано и синот Кристијано Роналдо Јуниор, кој исто така го роди сурогат мајка.