На објавата на порталот www.ohridsky.com, дека денеска Специјалното јавно обвинителство на Катица Јаневска со 5 истражители влегло во општина Прилеп и изнесените наводни информации во објавата, жестоко реагираше градоначалникот на општина Прилеп и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори на 15-ти октомври, Марјан Ристески.
“Почитувани сограѓани,
Во знак на немоќ ,а како обид за политичко-полициски притисок ,продолжената рака на СДС,СЈО чиј што мандат е истечен, продолжува противзаконски да работи. Денес на мета од оваа институција се донаторите,бизнисмените,пејачите и учесниците на Пивофест Прилеп!
Манифестација што во овие години ја посетиле повеќе милиони гости! Манифестација во која нема политика,манифестација во која не се разликува вера и националност.Локалните мали и средни претпријатија,таксисти,дуќанџии во периодот на Пивофест го гладаат најголемиот бенефит и профит. Но,денес ,кога рокот на оваа политичка институција заврши,без да се назначи за кој предмет станува збор,вработените во СЈО сакаат да прават театар од нашата Локална самоуправа!
Оваа постапка на СЈО е прочитана и осудена од сите што помогнале, учествувале, организирале или биле само гости на Пивофест…
А против поталот ohridsky.com за текстот што го објавиле ќе поднесам кривична пријава, се шират само дезинформации и нивна цел е мое лично дискредитирање пред почетокот на политичката кампања за локалните избори”, напиша Ристески на својот фејсбук профил.