На градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, изминативе денови повторно активно се работи. Причината е пристигнувањето на новите столбови за рефлектори чија монтажа започна, како дел од целосната реконструкција која му претстои на овој фудбалски храм.
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, на својот фејсбук профил напиша:
“Скептиците негативно коментираат за реализацијата на проектот реконструкција на градски стадион Гоце Делчев!
Не ги обвинуваме, очигледно не знаат ништо за реализација на проекти, НИКОГАШ не работеле !
Но тоа не не спречува НАС да работиме!
Прилеп е град на фудбалот , така и ќе остане!
Ќе имаме стадион по Европски стандарди !
СЕКОГАШ РАБОТА !
СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА !
За број 13!”
Инаку според проектот предвидено е стадионот да има капацитет од 18.000 места, а ќе биде направен според сите критериуми на УЕФА за играње дури и на меѓународни натпревари.
Исто така планирано е комплетна реконструкција на малата или северна трибина. Ќе се постават нови седишта, а ќе се реконструираат и постојните простории. Исто така проектот вклучува и доградба на нови простории и сала за прес конференции, се вели во соопштението.
Поголем дел од средствата за оваа капитална инвестиција произлегуваат од договорот на ХЕТ ТРИК 4 програмата на УЕФА кој изнесува околу 700.000 евра, а тие пари се наменети за осветлување и реконструкција на теренот. Останатите зафати ќе бидат покриени со средства од буџетот на општина Прилеп кои изнесуваат околу 45 милиони денари.
Претходно работата на градскиот стадион во Прилеп стагнираше поради средување на имотно правната состојба, односно легализација на објектите. Стадионот беше комплетна дивоградба за да после изработката на проектот, сега да се продолжи со градежни активности до целосна негова реконструкција.
А/Г/