Ристески вети нови проекти за братското турско население во Канатларци: Жителите го пречекаа со почести (ФОТО+ВИДЕО)

И оваа година традиционално се одржа манифестацијата “Ашуре” во населеното место Канатларци.

На настанот кој го одликува долга традиција и историја присутен како и секогаш беше и актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори Марјан Ристески.

Ристески беше пречекан со почести меѓу жителите на Канатларци и присуствуваше на целата манифестација.

Тој од новата програма најави изградба на секундарна канализација, изградба на уште еден бунар со цел да се зголеми водоводниот капацитет во селото, доасфалтирање на сите улици, мултинаменско игралиште и балон сала во ОУ “Кирил и Методиј”.

Ристески на жителите им посака здравје, среќа, радост, успех, продолжување на традицијата и соживотот кој го краси ова населено место.

Изминатите години во ова населено место локалната самоуправа на општина Прилеп реализираше голем број на проекти со кои значително се подобри животот за жителите.

Во Канаталарци се асфалтираа улици и се изгради нова канализациона мрежа, со што се реши проблемот со одведување на фекалните води.

Во 2012 година асфалтирана беше главната улица која низ целата должина од 1000м беше препокриена со асфалтна површина од 3500м2. Овој инфраструктурен проект општината ја чинеше 3.000 000 денари, а задоволството на мештаните беше дополнето и со промената на водомерите и нивна замена со опрема за фиксно  отчитување на водомерите, проект на ЈКП Водовод.

Асфалтиран беше и пат до селото во должина од 300 метри во вредност од 1 милион денари.

Покрај тоа Канатларци доби и нова детска градинка каде се згрижение 20тина деца. Градинката се наоѓа во склоп на училиштето “Св. Кирил и Методиј” кое е двигателот на одржување на здрава мултинационална средина, во која владее мир и разбирање.

Во училиштето се изврши целосна санација која се состоеше од реновирање на две училници, помошна просторија, ходник, санитарни јазли во централното училиште на ООУ „Кирил и Методиј“ во Кантларци и беше  во вредност од околу 1.400 000,00денари од кои околу 1.200 000,00 денари од УСАИД и 200.000,00 денари од ЕЛС Прилеп.

Во Канатларци исто така беше изграден и парк, кој опфаќа пешачки патеки, хортикуларно уредени површини, клупи за одмор и детски реквизити за забава на најмалите.

Александар Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.