Ристески: Оваа осмислена стратегија ќе овозможи вдомување и живеење на мигрантите во Република Македонија

Градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески во обраќањето на собраниската комисија за труд и социјална политика истакна дека приоритет на општината се нејзините граѓани, а не мигрантите.

 

hdr

 

Тој вели дека прилепчани сочувствуваат со овие луѓе и нивната мака, но граѓаните на општината имаат голем број проблеми кои треба да бидат решени.

Според Ристески, најголем проблем во оваа национална стратегија е олеснетото давање на државјанство, трајното вдомување и вработувањето.

-Оваа осмислена стратегија ќе им овозможи вдомување и живеење во Република Македонија на мигрантите, истакна Ристески.

Во делот на вработувањето, градоначалникот вели дека приоритет треба да бидат граѓаните на Република Македонија.

-Ние се трудиме да носиме инвестиции, но приоритет на општина Прилеп секогаш ќе бидат граѓаните на општината, посочи Ристески, додавајќи дека општината во моментот има проблем со згрижувањето на децата од претшколска возраст и оти тој би бил уште поголем доколку деца мигранти би се населиле во општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.