“Со инвестицирање во спортот инвестираме во здрави поколенија! Со инвестирање во спортот, инвестираме во младите, а вложувањето во спортот е една од суштинските определби на ВМРО-ДПМНЕ”, истакна денеска актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Марјан Ристески, презентирајќи ги реализираните и планирани проекти во областа на спортот во општина Прилеп.
Во продолжение интегрален текст од денешната прес-конференција:
“Во изминатите 12 години во Прилеп изградивме четири спортски сали,балон сали,повеќенаменски игралишта,стадиони со вештачка трева,тениски игралишта,вештачка карпа за болдеринг,летилишта за параглајдинг,маунтин бајк патеки,скејт парк, мотокрос патека, ги реконструиравме постоечките училишни сали и игралишта и набавивме нови спортски реквизити и Прилеп го направивме центар на Балканот за екстремни спортови за европски и светски натпревари.
Но имаме уште работа, имаме уште проекти за реализација кои се реална потреба на нашите сограѓани. Проекти кои се предлози на нашите сограѓани!
Во наредните 4 години ќе работиме на:
• Завршување на комплетната реконструкција и санација на градскиот стадион. Целосно ќе се реконструираат трибините, ќе се постават нови столчиња, ќе се покријат јужна и северна трибина, ќе се изградат нови трибини- западна и источна , ќе се реконструираат просториите за официјални лица, комплетно ќе се уреди спортскиот терен и ќе се постави целосно ново осветлување. Со ова градот ќе добие спортски комплекс достоен на својата фудбалска историја кој ќе биде изграден согласно високите критериуми на UEFA и на кој ќе се играат вечерни и официјални меѓународни натпревари.
• Ќе продолжиме да ги поддржуваме најголемите спортски клубови ФК Победа и РК Прилеп! Клубовите кои се гордост на сите прилепчани! Клубови на кои им го вративме сјајот на прволигаши, благодарение на добрата соработка со бизнис секторот од градот
• Поранешниот фудбалски терен „Металец“ ќе прерасне во модерен теренски комплекс на ФК Победа
• Довршување на започнатите и изградба на нови фудбалски игралишта во населените места: Алинци, Канатларци, Големо Коњари, Мажучиште, Селце и Галичани
• Поставување на подлога со вештачка трева на фудбалските игралишта во ООУ „Рампо Левката“, ООУ „Гоце Делчев“, Гимназијата „Мирче Ацев“ и студентскиот дом „Орде Чопела“
Инфраструктурно и содржински комплетирање на спортската Арена Лагово: маунтбајк патеки , стаза за картинг и други содржини
• Ќе изградиме нов спортски комплекс на локација кај ООУ „Рампо Левката“,каде ќе може да се игра кошарка, фудбал, ракомет и одбојка
• Ќе изградиме повеќенаменско игралиште во населеното место Канатларци и Големо коњари.
• Ќе изградиме две нови тениски игралишта во град Прилеп во ООУ „Рампо Левката“ и во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“
• Изградба на трим-патеки по коритото на градска река
• Општина Прилеп ќе субвенционира купување на нови велосипеди
• Ќе поставиме на маси за пинг-понг на 5 локации во градот
• Изградба на 5 баскет игралишта на 5 различни локации во град Прилеп и тоа:
– Точила
– Ѓордере кај зградите
– Типската населба кај стадионото со вештачка трева
– Под Кули,
– Бончејца помеѓу зградите
• Во соработка со Федерацијата за училиштен спорт ќе продолжиме со поддршка на училишните спортски лиги
• Продолжуваме со Поддршката на спортските клубови и спортската академија
• Поддршка како и до сега на сите на сите спортски инвестиции
Затоа на 15 Октомври ќе заокружиме број 13, за младите ,за спортот, за Прилеп и Република Македонија”.