Прес конференција на Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Петар Ристески
(Во продолжение интегрален текст и видео од денешната прес конференција)
“Изминуваат 6 месеци од кога СДСМ и Илија Јованоски се на чело на Локалната самоуправа во Прилеп. 6 месеци полни со лицемерие и неработење. 6 месеци во кои “животот дојде” и во Прилеп, но само за блиските до градоначалникот Јованоски и тие во врвот на СДС. Непотизам на секој чекор. Непотизам на секоја страна.
После 6 месеци, редно е градоначалникот Јованоски да и одговори на прилепската јавност: дали неговата внука Цвете Станојоска си ја вработи во Општина Прилеп? Дали другата внука си ја вработи во градинката “Наша иднина”? Се замеша ли Јованоски и во бизнис секторот, па својот зет за сестра го постави за Директор на Стопанска комора во Прилеп?
Сите советници од владејачката коалиција се вработуваат во јавните претпријатија во градот, кои нели според сдсм кога беше опозиција беа пренатрупани.
Дали сопругот на директорката на ОУ Кире Гаврилоски беше најдобар кадар на огласот, па затоа него го вработивте во ЈП Водовод и канализација?
Дали меѓу многуте блиски роднини на функционери на СДС во општина Прилеп е експресно вработен и синот на директорот на ОУ Г. Делцев?
Дали меѓу нив во економското училиште е вработен и синот на директорот на затворот во Прилеп.?
Почитувани сограѓани, ова се само дел од роднините на функционерите на сдс вработени во овие неколку месеци. На тие истите на кои устите им беа полни во минатото со зборовите чесност и транспарентност.
Наши сограѓани, дел од раководството на сдс, дали на ваков начин планирате да ги задржите младите во Прилеп? Дали грижејќи се само за вас лично планирате да му ја кроите иднината на Прилеп? Дали ова беше Вашата програма г-дине Јованоски за враќање на младите во Прилеп?
Прилепчани не очекуваа и не заслужуваат ваков однос од новата власт. Прилеп и прилепчани се срамат од негрижата за градот на градоначалникот и луѓето блиски до него. Прилеп и прилепчани заслужуваат многу подобро!”