Рецептот за потпечени лепчиња со печурки ни доаѓа од кујната на Манастирот Св. Јован Бигорски.
За подготовка на ова јадење ви се потребни 500 грама печурки, 250 грама кисела павлака, 2 главици кромид, 2 чешниња лук, 1 стар леб, 100 грама кашкавал, 2 лажици брашно, зачин по вкус (сол, бибер, вегета, црвен пипер) и малку масло.
Ви презентираме еден одличен рецепт, од кујната на Манастирот Св. Јован Богорски.
Потребни состојки:
Начин на подготовка:
Во длабок сад се пржи во малку масло ситно исецканиот кромид, му се додаваат печурките, лукот и зачините по вкус. Се трга од огнот и кога ќе се излади се додава киселата павлака, и брашното разматено во малку вода. Лебот се сече на кришки и се реди во подмачкан плех. Врз секое парче леб се става од подготвениот фил со печурки и најгоре се става тенко парче кашкавал. Лепчињата се запекуваат во релна околу 10 мин на температура од 180⁰С.
Се служат топли.