Реприза на „Хроника на еден сон“ во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Во сабота 30 септември 2017 во 20 часот љубителите на театарот, ќе имаат убава можност во театарот „Војдан Чернодрински“да ја проследат првата реприза на претставата „ Хроника на еден сон“ од Ивана Нелковска, во режија на Ивана Ангеловска, која премиерно беше прикажана во јуни.

„Хроника на еден сон“ претставува магичен сплет на надреални фрагменти, драма која се движи помеѓу тенката линија на реалноста и кошмарот. Во исто време го прикажува мутирањето на човечката потреба од среќа во садистичка зависност и опсесија. Ги лови моментите кога базичната човечка потреба за реализирање на сонот се претвора во сениште кое станува опсесија на личноста. Под притисок на современото општество сами стануваме сопствени демони, подготвени да уништиме се поради егоистични цели. На тој начин сонот станува кошмар, а индивидуалната радост – нечија туѓа тортура.

Во претставата играат Марија С. Илијеска, Игор Трпчески, Александар Тодески, Катерина Ч. Клинческа, Ана Тодеска,  Илија Волчески, Марјан Чакмакоски, Виолета Чакарова, Ангела Наумоска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.