Регистрирани 1000 потреси за две недели: Изминатата ноќ повторно се тресеше охридското тло (ВИДЕО)

Десетина земјотреси од кои најсилниот со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во охридското епицентрално подрачје изминатата ноќ и изутринава.

zemjotres-4

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси.

Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети, во продолжение видете го и видеото од вчерашниот земјотрес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.