Машката ракометна репрезентација на Македонија ги доби своите противници за Европското првенство во 2020 година, кое ќе се одржи во Шведска, Австрија и Норвешка.
Ова ќе биди првото првенство со 24 земји учеснички, а Македонија во квалификациите ќе се соочи со Исланд, Турција и Грција.
Македонија за прв пат беше рангирана во првиот шешир, па ги избегна силните противници како Германија, Хрватска, Франција…
Од вториот шешир за нашите репрезентативци беше извлечен добро познатиот за нас Исланд, а изненадувањето дојде од четвртиот кога за противник беше извлечена слаборангираната Грција.
Европското првенство во 2020 година ќе се одржи од 10 до 26 јануари, а на македонските репрезентативци им се насмевнува прво место во оваа квалификациска група.