Менаџерот на Златан Ибрахимович, Мино Раиола, тврди дека неговиот клиент благодарение на неговата интелегенција ќе биде многу побогат кога ќе го напушти фудбалот.
“Златан е најпаметниот фудбалер, но и најбогатиот ! Тој во себе има се што е потребно за да стане милионер. Тој е неверојатно интелегентен и активен на пазарот. Ибра вложува во видео игри, технолошка старт-ап компанија и дијаманти. Веќе продаде многу акции на инвестициони фондови. Заработува многу повеќе надвор од фудбалот, отколку во него”, вели Раиола.
Златан го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша договор со ЛА Галакси.
Искусниот Швеѓанец ќе заработува за 95 проценти помала плата отколку во Манчестер, но имал желба да игра и да ја популаризира лигата во САД. Неговата годишна плата ќе биде 1,2 милиони, што е максимален договор во МЛС лигата за играчи кои не ја започнале сезоната.