На прашањето дали сладоледот е вкусен, рускиот претседател потврдно одговори и го препорача
Претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на посетата на авио-салонот МАКС, ја почести делегацијата на Владата со сладолед, пренесува Спутник.
Рускиот лидер заедно со делегацијата од Владата и раководството на претпријатието се доближи до штандот со сладоледи од руско производство.
Дајте им за кусурот. Овде има многу гладни – рекол Путин покажувајќи кон своите соработници.
Според зборовите на портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Пешков, Путин отворил сметка за сладолед на штандот.
-“Путин плати сладолед. За тие пари многумина земаа и јадеа. Потоа одново се враќаа додека траеа показните летови”, рекол Пешков.
Од сладоледите се почестиле портпаролот на рускиот претседател и уште двајца министри.
Потпретседателот на Владата Дмитриј Рогозин одбил, затоа што се трудел да остане во спортска форма.
Погледнете го видеото:
А/Г/