Пукање во тетовско

111

Околу 06 часот и 20 минути во атарот на селото Горна Лешница-тетовско, 64-годишниот Н.Џ. затекнал две непознати лица кои краделе дрва од неговата шума.

Полицијата информира дека тој со ловна пушка испукал еден патрон кон патничко моторно возило, со кое истите се превезувале. Лицата избегале, а возилото останало на самото место, бидејќи од истрелот бил оштетен преден пневматик.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.