Променливо облачно време со локален дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд. Наместа ќе биде пороен проследен со засилен ветер и грмежи.

 

1

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 21 до 29 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со врнежи од дожд, засилен ветер и грмежи. Утринската температура ќе се сушти до 19, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во среда се уште ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладне, а во текот на денот постепено ќе престанува. Дневната температура на воздухот ќе биде во опаѓање за околу седум до 10 степени. Од четврток повторно следува стабилно време со постепен пораст на дневната температура на воздухот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.