Македонскиот музичар, текстописец, композитор, продуцент и режисер Александар Ристовски-Принц на својот Фејсбук профил ги нападна сите оние кои според него „лажно и лицемерно“ тагуваат поради смртта на големата музичка рок-легенда Симеон Иванов – Канго.
„Сега сите РИП легендо. Го разболевте, го умревте човекот. Лесно е да си злобен кон добриот“ – напиша во својот Фејсбук профил Принц.
Канго почина вчера по долга борба со болеста, а веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи.