Денеска прес – конференција одржа Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.
“Почитувани прилепчани, почитувани медиуми!
По 12 години Прилеп е погоден од политичка катастрофа, од осмислен уништувачки напад на новата Влада! се она што градевме, унапредувавме, финансиравме и планиравме овие години со предложениот ребаланс е стопирано!
Безобразно и дрско од тие што ветуваа нов живот, дочекавме денес да бидат промотори на линчот на Прилеп! Со новиот ребаланс Прилеп нема да добие уште 3 спортски училишни сали во “Кире Гаврилоски”, “Орде Чопела” и “Климент Охридски”! Гимназијата “Мирче Ацев” нема да добие нова дограма, Економското училиште реконструкција на стариот објект, “Гоце Делчев” нема да добие реконструкција на санитарните јазли! Најштетниот потег е прекинот на изградбата на експресниот пат Прилеп- Градско!
Ова е катаклизма за Прилеп! Благодарение на СДС Прилеп нема да добие нов театар, нови автобуси, реконструирана стара чаршија, реконструирана сала Македонија, тутунарите нема да добијат 90 денари субвенции!
Но, денес сакаме да прашаме, дали е вистина тоа што деновиве се зборува дека Прилеп ќе добие 14 нови згради за сместување на бегалците во близина на касарната „Мирче Ацев“!? Дали е ова новиот живот што ви го вети СДС и Зоран Заев?