Во 2013 година на задоволство на сите прилепчани во употреба беше пуштено новото кино го градот. Со тоа после многу години одново заживеа оваа култура во градот. Киното кое се наоѓа во рамките на центарот за култура “Марко Цепенков” има капацитет од 130 седишта и поседува најсовремена опрема.
Ова беше едно од ветувањата на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Марјан Ристески и претставуваше голем чекор за развој на кино културата во градот.
Во киното се прикажуваат и 3Д проекции, за кои постои особено голем интерес од граѓаните и младите.
Вредноста на оваа инвестиција чинеше околу 100.000 евра, а на филмскиот проектор во киното досега се прикажаа голем број од светските филмски достигнувања.
Пред само два дена на гостувањето во живо на емисијата “Отворено” на “Телевизија 24 Вести”, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Илија Јованоски, истакна дека ќе градел ново кино во градот.
Жално е тоа што човек кој претендира да ја преземе функцијата татко на градот, покажа незнаење со какви објекти располага неговиот град, па поради тоа неговата изјава ја проследија низа реакции.
Во продолжение проследете ја небулозната изјава на Илија Јованоски, на која се чудеше цел Прилеп.