“Прилеп добива затворен базен!?”

Крупните и мегаломански проекти кои се ветуваат за време на предизборната кампања се секогаш едни од најголемите адути.

Локалните избори денес се минато, но ветувањата висат над избраните градоначалници и допрва ќе им претставуваат тешина и ќе бидат мачнина која тешко се вари.

Актуелниот градоначалник на општина Прилеп, Илија Јованоски кој на изборите победи со низа вакви ветени проекти, сега како да подзаборави на истите.

Иако уште од почеток неговите ветувања не беа образложени со некакви датуми на реализација и начин на финансирање, сепак ги освоија симпатиите на поголемиот број прилепчани и му ја донесоа победата на Јованоски.

Еден таков проект беше ветената изградба на спортско-рекреативен центар со покриен базен, фитнес центар и колективна гимнастика, како и други поволности на просторот на сегашната сала “Македонија”.

Oва е едно од тие ветувања, кажано во стилот ќе се направи ова, ќе се направи она, без никакво прецизирање: Како? Кога? Со помош на што?

Дали Прилеп ќе добие затворен базен, засега нема никаква најава. Ветувањето сепак стои и ќе го потсетува градоначаникот секој ден од неговото раководење со општината.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.