Прилеп – град со најголем број на спортски настани во текот на годината (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Големото инвестирање во изградба на спортска инфраструктура, која доживеа вистинска ренесанса во последните неколку години и промоцијата на Прилеп како хит дестинација за повеќе екстремни спортови придонесе градот да стане центар за развој на скоро сите спортски активности во Македонија.

547474754

Изградбата на 4-те нови спортски сали, кои чинеа 130 милиони денари, 5-те нови терени со вештачка трева, инвестиција од 3 милиони денари, фудбалскиот стадион на Паркот на Револуцијата, 2-те нови тениски игралишта кои чинат 10 милиони денари , повеќенаменските игралишта, фитнес зоните, реконструкцијата на веќе постоечките спортски објекти, изградбата на полетувалиштето за параглајдери, мото крос стазата, но и природните потенцијали на овој регион се главниот фактор за развојот на повеќе спортови во Прилеп, но и можност тука да се организираат голем број на меѓународни и државни натпревари.

6191-velosipedska-trka-site-na-velosiped-960x600-7

Секако тука прво треба да се потенцира развојот на т.н. екстремен спортски туризам по кој што Прилеп стана познат во цела Европа. Секоја година тука се организираат голем број натпревари од повеќе видови на вакви спортови. Еден од нив е болдерингот преку кого Прилеп повеќе пати се најде на страниците на светските медиуми. Последниот ваков текст за градот под Марковите кули е оној кој излезе во британскиот двомесечник „Climber“ и кој го промовира Прилеп како источноевропска топ болдер дестинација за сите љубители на адреналинот и искачувањето по карпи. Поради уникатните карпи тука доаѓаат качувачи буквално од целиот свет кои ги освојуваат карпите во регионите на „Камена Баба“, „Трескавец“ и „Маркови кули“.

Кај манастирот Трескавец се изгради полетувалиште за параглајдери кое сега го посетуваат голем број на параглајдеристи како од Македонија, така и од целиот свет. Таму се одржува и натпреварот „Прилеп Опен“, во организација на клубот за екстремни спортови „Skyriders“.

Во Прилеп се одржува и најголемиот планински ултра маратон насловен „По стапките на Крали Марко“ кој е долг 90 км. Маратонот е меѓународен и од минатата година и официјално се бодува за планинската трка на Монт Блан, која што е неофицијално светско првенство во планинско трчање.

Кога станува збор за маратоните во Прилеп се одржува и т.н. „Поштенскиот маратон“ кој е под покровителство на „Макеодонски пошти“ и Општина Прилеп. Поделен е во три делници долги 42 км., 21. км. и 5 км. На маратонот освен од Македонија учествуваат и тркачи од Балканските земји.

[Best_Wordpress_Gallery id=”522″ gal_title=”23232323″]

Веќе 6 години се одржува и аутдор фестивалот „Mariovo off road experience“, кој освен планински велосипедизам вклучува и планинарење, аеробик, концерти, одлична забава, а од годинава како нова дисциплина се воведе и спелеологијата при што имаше посета на Мелничката пештера. Секако главна дисциплина на фестивалот е планинскиот велосипедизам кој е поделен во две тури едната долга 50, а другата 30 км. и се посетуваат повеќе мариовски населени места.

Кога сме кај велосипедските активности треба да се потенцира и тоа дека Здружението на љубители на ридско-планински активности, рокенрол и добра чашка во координација со Општина Прилеп го организира рекреативниот планински настан „Тура преку Слива“. Учесниците тргнуваат од центарот на градот, се упатуваат кон преминот Слива кај Мариово, а потоа ги посетуваат селата Бонче, Подмол, Марул, Штавица и повторно се враќаат во Прилеп.

6399-zapocna-ultramaratonskata-trka-po-stapkite-na-krali-marko-960x600-16

Исто така се организира и велосипедскиот настан „Дервенска тура“ кој го опфаќа живописниот предел на превојот Дервен на планината Бабуна од која има извонреден поглед кон Прилеп, неговата околина и кон планините Мукос и Селечка.

„Сите на велосипед“ е уште еден настан кој го промовира велосипедизмот како здрав начин на живот и кој се организира секоја година по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“. Учесниците тргнуваат од Прилеп се упатуваат кон спортскиот аеродром во н.м. Мало Коњари, каде имаат кратка пауза и се враќаат повторно назад.

На мото крос патеката, која се изгради кај н.м. Лагово, секоја година се одржуваат мото крос трки на кои учествуваат и гости од странство. Лани за прв пат се организираше и првото македонско трофи со џипови на кое учествуваа над 120 учесници од повеќе европски држави. Љубителите на џиповите имаа две тури, едната низ планините околу Прилеп, а другата на полигонот во Лагово, каде ги покажуваа своите вештини.  Во иднина оваа арена треба да прерасне во современ мото центар каде ќе се гради и картинг патека, пеинт бол игралиште и угоститески објекти.

6473-prilep-mega-za-paraglajdering-960x600-9

Прилеп е домаќин и на меѓународниот натпревар во ориентација „Пеце Атанасоски“ кој е во организација на ориентациониот клуб „Златоврв“. Орентацијата е натпреварување кое се трча со помош на компас и се чита од мапа со цел да се поминат сите зададени контролни точки. За да се потврди дека натпреварувачот ги поминал сите контролни точки се користи електричен чип кој натпреварувачите го носат за време на трката и од кој се чита времето на поминување од една до друга контролна точка и за кое време натпреварувачот ја поминал целата патека зададена на мапата.

Еден од поновите екстремни спортови кој започна да се развива во Прилеп е и „Downhill“ или спуштање со велосипеди по планински терени. Трката е меѓународна и се одржува на месноста Топташ во близина на Прилеп. Долга е околу 2 км. Инаку ова засега е единствената трка во downhill во Македонија.

6452-zavrshi-prviot-macedonian-trophy-najuspershni-ucesnicite-od-bugarija-i-srbija-960x600-23

Планинарењето станува исто така еден од поатрактивните спортови во Прилеп каде започнаа да се организираат голем број на планинарски маршеви на кои учествуваат стотици учесници од цела Македонија. Тука би ги наброиле планинарскиот марш посветен на Петре Андоноски – Музичарот кој го организира планинарското друштво „Картуш“. Патеката на овој марш е долга 20 км. Потоа маршот „Даре Џамбаз“ посветен на основоположникот на планинарењето во Македонија, кој го организира најстарото планинарско друштво во Прилеп „Козјак“. Еден од најновите планинарски маршеви е оној посветен на Томе Темелкоски, човекот кој го изгради планинарскиот дом на Селечка планина, а кој го организира планинарското друштво „Мамути“. Кога станува збор за планинарските активности не треба да се заборави и тоа дека секоја година во Прилеп со планинарска тура се одбележува годишнината од Февруарскиот поход. И на овој настан доаѓаат планинари од цела Македонија.

6452-zavrshi-prviot-macedonian-trophy-najuspershni-ucesnicite-od-bugarija-i-srbija-960x600-50

Прилеп исто така е домаќин и на извидничкиот натпревар насловен како „Прилеп те повикува“ на кој учествуваат извидници од цела Македонија и каде во текот на 3 дена извидничките одреди се натпреваруваат во ориентација и задачи на карта, а најдобрите извиднички одреди добиваат благодарници и медалји за својата успешност во натпреварувањето.

Изградбата на 4-те нови спортски сали овозможи Прилеп да биде домаќин на голем број државни и меѓународни првенства во повеќе спортови. Така во Прилеп во текот на годината се одржуваат државните првенства во борење за млади до 20 и 23 години. Исто така се одржува меѓународниот турнир во борење посветен на членот на клубот „7 Мај – Леов“ Љупчо Црвенкоски – Црвениот. На овој турнир учествуваат борачи од целиот Балкан.

6623-furna-zlatno-zrno-i-makedonija-finalisti-na-svetinikolskiot-turnir-vo-fudbal-vo-prilep-960x600-6

Во Прилеп во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и Џудо Клубот „Бушидо“ се одржува и државното првенство во џудо.

Прилеп беше домаќин и на државно првенство во одбојка за средни училишта, како и на државното првенство за младинци во пинг понг. Кога сме кај пинг понгот во Прилеп во организација на пингпонгарската федерација на Македонија заедно со пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ од Прилеп започна и одбележување на Светскиот ден на пинг понгот со промоција на овој спорт на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.

6891-se-odrza-6-tiot-po-red-festival-mariovo-off-road-experience-960x600-24

Исто така во Прилеп се одржува и државното првенство во тенис помеѓу основните училишта. Организатори на првенството се Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Сојузот на училишни спортови од Прилеп и Општина Прилеп.

Еден од поголеми фудбалски настани е организацијата на Свети Николскиот турнур во мал фудбал. Собраните средства од оваа спортска манифестација се донираат во хуманитарни цели.

Во чест на преранопочинатиот ракометар Миле Нешкоски, градот под Марковите кули организира и меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски”, на кој учествуваат екипи од целата држава.

6697-vtoro-drzavno-izborno-prvenstvo-vo-borenje-vo-prilep-za-samo-edna-nedela-960x600-16

Прилеп ги негува и боречките вештини. Во градот се одржа и државното првенство во Бразилска Џиу Џица, како и турнирот во боречки вештини насловен „КРАЛ МАРКО ОПЕН“.

Секако тука се редовните натпревари на главните спортски прилепски брендови ФК Победа и РК Прилеп.

Сите овие спортови и настани во изминатиов период се максимално поддржани од локалната самоуправа која постојано инвестира во спортот.

6815-untitled-960x600-16

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.